“Ќе се изолира ли земјава од останатиот свет по најавата дека некои земји веќе размислуваат за воведување на т.н.„Ковид пасоши“, а авионски компании најавуваат дека патниците треба да приложат документ дека се вакцинирале или прележале Ковид. Индикативно е како ќе патуваат македонските граѓани кога државата најавува дека вакцините ќе стигаат во текот на цела 2021 година, а вакцини нема да има за сите граѓани. На прв поглед, тоа звучи логично, зашто, некои велат, сѐ е дозволено за повторно да не се разгори болеста во епидемиска или пандемиска форма, но тоа може да не доведе од изолација, вели епидемиологот, професорот Драган Даниловски за ТВ24.
“Меѓутоа, ако се земе предвид фактот дека ни оддалеку достапноста на вакцините не е еднаква за сите земји, а една од нив е Македонија, тогаш јасно е дека многу лесно ќе се најдеме во позиција на изолација. Што дефинитивно ќе биде неправда – кон нас и кон други сиромашни земји. Како да функционира стопанството, ако објективно не е можно, во догледно време, сите кои имаат потреба од вакцина да се вакцинираат“, вели за ТВ24 професорот Даниловски.