На почетокот на новата сезона вистински шок во регионот предизвикаа драстично зголемените цени на црногорското приморје кое е една од омилените дестинации за одмор и за голем дел македонски туристи.
На социјалните мрежи посебна бура предизвикаа цените на лежалките на црногорските плажи. На Твитер е објавена фотографија „ред на плажа“ од една од црногорските плажи каде се наведува дека користењето на обични лежалки ова лето ќе изнесува 25 евра.
За дрвени лежалки на црногорските плажи ќе треба да издвоите дополнителни 10 евра. Најскапи се лежалките со балдахин кои чинат дури 80 евра.
Најевтина опција летово во Црна Гора е лежалка без чадор која се изнајмува за 10 евра.
„Безобразно високи цени“ – ова е еден од коментарите на фотографијата со цените од црногорските плажи.