Мишел Фајфер важи за една од најубавите жени на филмското платно, а сега позирала без шминка и покажала како изгледа на 64 години и богами изненади многумина.
Славната актерка покажува дека нејзината убавина е безвременска, како и дека годините и одговараат, па и поради тоа не се срами да ги покаже.
Мишел на својот профил на Инстаграм објавила фотографија со сестрите и тоа во опуштена варијанта.
„Нема подобар начин како да го поминам 4-јули отколку со моите прекрасни сестри. Многу сум среќна. Се надевам дека и вие сте имале убав ден“ – напишала во описот на сликата.
Инаку, Фајфер глумела во многу филмски хитови, а во еден момент паузирала од големите екрани за да се посвети на своето семејство.
Мишел двапати се венчала, а првиот пат застанала пред олтар со актерот Питер Хортон во 1981 година. Парот соработувал на филмското платно, но во 1988 година одлучиле да се разделат поради преголема посветеност на работата.
По разводот, Фајфер на филмскиот фестивал во Њујорк го запознала актерот Фишер Стивенсон со кој во врска била три години. Го сакала и Џон Mалкович, а вторпат застанала пред олтар во 1993 година со продуцентот Дејвид Е. Кели со кој и денес е во брак. Парот заедно има две деца, синот Џон Кенри (26) и ќерката Клаудија Роуз (28).