Славната италијанска актерка, 88-годишната Софија Лорен неодамна присуствуваше на свеченото отворање на својот ресторан во Милано кој го носи нејзиното име.
За приликата, Лорен беше стилизирана во бел елегантен костум во комбинација со црни чевли, а главниот акцент беше на дијамантскиот накит. И овојпат како вистинска дама, позираше на црвениот тепих, уште еднаш потврдувајќи го својот статус на безвременска модна икона
Таа пристигнала во друштво на своето семејство, пред сè синот Карл Понти Помладиот и внуците Беатриче и Виторија со кои гордо позирала.
Сите погледи сепак биле насочени кон Софија Лорен, живата легенда на италијанскиот и светскиот филм која повторно покажала поради што важи за една од најубавите жени на сите времиња и за една од најголемите дами кои светот на филмот ги виделе.
“Италијанската дива се уште не сака да бега од рефлекторите и фотографскиот објектив, а сега си најде нова занимање. Таа стана сопственичка на ресторан во Милано, а на 88 години е подготвена да ги покаже своите претприемачки способности“, напишаа дел од светските медиуми.