Застрашувачко видео покажува како „облак“ на коронавирусот се шири во маркетот кога некој ќе се накашла или ќе кивне. Коронавирусот се шири низ воздухот кога некој ќе се накашла или ќе кивне, а оваа 3Д симулација што ја направиле научници од Финска покажува на кој начин патува „облакот“ на коронавирусот низ внатрешноста на супермаркетот.
Научниците креирале компјутерска симулација за да проучат колку далеку вирусот може да стигне во затворен простор. Резултатите до кои дошле се загрижувачки – заразените капки можеле да заразат здрави лица и откако инфицораната личност заминала од местото на кое кашлала или кивнала.
Научниците велат дека најдобар начин да ја избегнете заразата е ако избегнувате јавни места на кои има многу луѓе.
„Ако одите на места каде што има многу луѓе, задржете се најкратко што можете“, советува професорот Вили Вуринен од универзитетот Алто во Финска.