Возач од Загреб со својот автомобил влетал во дневната соба на семејство во Пожега. 22-годишниот возач на „опел астра“ бегал од полицијата, која се обидела да го запре. Тој најверојатно бил под дејство на алкохол.
– Еден час пред тоа, седев во дневната соба и гледав телевизија. Отидов да спијам во спалната соба веднаш до мојата дневна соба. Во сонот слушнав силен удар. Во тој момент, не знаев што се случува. Кога излегов од спалната соба, имав што да видам. Еден млад човек влетал со автомобилот во мојата дневна соба. Можете сами да претпоставите со колкава брзина се движел штом ги скршил прозорците, го пробил ѕидот и ги скршил радијаторите во дневната соба. Ако бев во таму каде што секогаш седам, немаше да преживеам – вели сопственикот на куќата.