Џенифер Лопез беше гостинка на турнејата на Опра Винфри, на тема „Твојот живот во фокусот“. 50-годишната пејачка и актерка кај Опра за прв пат зборуваше за „игнорирањето“ што го направија Оскарите по објавувањето на номинациите. Џенифер признала дека, како и многу други, била разочарана што не добила номинација.
„Бев тажна. Бев малку тажна и разочарана затоа што работев напорно. Добив многу пофалби, повеќе од кога и да било во животот. Имаше многу луѓе кои мислеа дека ќе се номинирам на Оскарите. Имаше многу текстови кои пишуваа дека ќе добија номинација ипочнав да верувам во тоа.“Ох, Боже, може ли да се случи тоа?’ Но, потоа не се случи и беше мало разочарување. Поголемиот дел од мојот тим работи со мене 20 години и мислам дека имаа многу надеж. Тие сакаа многу тоа да се случи. Ми се чинеше дека ги разочарав сите “, рече Лопез.
Инаку, Џенифер Лопез На настанот во Инглвуд, Калифорнија, изгледаше прекрасно во жолт стајлинг, во модерен костум.