Српската глумица Ева Рас (81) вели дека во минатото била на кокаин. Го пробала од чиста радозналост,но потоа поминала низ пекол поради конзумирањето на овие наркотици.
Популарната Смиљка од серијата „Среќни луѓе“ си ја отвори душата пред новинарите па раскажа како во првиот нејзин брак, во кој влегла млада и неискусна,по иницијатива и убедување на сопругот, користела наркотични средства и тоа најчесто кокаин.
“Додека студирав на факултетот за драмски уметности, мојот сопруг се дрогираше. Таа информација јас ја немав пред да влезам во брак,а ја добив откако се венчавме. Во тие 60-ти години-наркомани ги нарекувавме само оние кои се лечеа од зависност од дрога, но не и оние кои се дрогираа во моментот.
Така беше тогаш… Дрогата беше насекаде во нашиот стан. Во една прилика одлучив да го пробам тој прашок. По првиот пат со денови не јадев, не пиев и имав вртоглавица“, изјави Рас.