Холивудската глумица Шерон Стоун рече дека го задржала белиот фустан кој го носела во филмот „Основен инстикт“, улога со која се прослави во деведесетите години. Во интервју за InStyle таа рече дека го задржала затоа што била многу помалку платена од Мајкл Даглас.
„Кога ја добив улогата на Кетрин Трамел имав 32 години. Улогата за мои години ја добив прилично доцна со оглед на годините кои ги имав. Но, од моментот кога го прочитав сценариото знаев дека јас сум вистинската личност за неа. Тоа беше интелектуално сложен дел и чувствував дека ја разбирам. Кетрин ме потсети на некои ликови кои Орсон Велс ги играше во минатото. Вакви комплицирани главни улоги како мојата, едноставно не се доделуваат толку често на женски ликови“, рече Стоун.
Во популарната сцена кога ги прекрстува нозете за време на испрашувањето Шерон носеше бел фустан за кој вели дека самата го избрала.
„Костимографката Елен Миројцник ме однесе во „Родео Драјв“ ѝ ми рече дека можам да си изберам каков сакам фустан за мојот лик“, рече Стоун.
На почетокот избрала беж кашмир фустан, но кога дошол ред за сцената со испрашувањето, побарала помош од режисерот Пол Верховен.
„На шега ми рече дека не му е гајле што ќе носам и дали косата ќе ја носам собрана во пунџа“, се потсети Стоун и објасни дека на крајот се решиле за целосно бело издание.