Француската глумица Емануел Берт открила дека била жртва на инцест во детството, непосредно пред да ја спаси нејзината баба од сето тоа.
Славната 60-годишна актерка не го идентификувала својот напаѓач, а за траумата која и денес ја прогонува проговорила вчера на конференцијата за новинари по повод проекцијата на документарецот „Such a Resounding Silence“.
Берт на присутните на конференцијата им се обратила по пат на видео-порака поради тоа што не била физички присутна. Во нејзино име се обратила и корежисерката на филмот Анастасија Микова, велејќи дека Берт не сака да го именува насилникот затоа што тоа не е пристап на нивното остварување. Сепак, индиректно посочила на таткото на актерката, Гај Берт.
Инцестото започнал кога Емануел имала 10 години и траел до нејзината 14-та година.
Актерката објаснила дека на почеток не сакала да зборува за своето лично искуство туку само за искуствата на жртвите од документарецот: „Но, нивната искреност и храброст ме натераа да проговорам“, објаснила таа.
Инаку, документарецот „Such a Resounding Silence“ вклучува приказни за четири жртви на инцест и освртот на Емануел низ сѐ она што морала да помине. Таа е и корежисерка на документарецот, а истиот ќе се емитува од 24 септември.
Во документарецот се слуша нејзиниот глас на екранот и тоа додека ѝ се обраќа на личноста која сексуално ја злоставувала:
„Поради тоа што мојот татко, мојата мајка и моите пријатели ништо не забележаа, можеше тоа да го правиш одново и одново, и го правеше тоа, во текот на четири години“.