Британката Холи Мекгваер, која се прослави позирајќи за дневните весници, неодамна, откако се зарази со коронавирусот заврши на респиратор.
Со месеци пред тоа, Мегваер се обидуваше да влијае на јавноста да ги отвори очите и да не „голта“ сè што е сервирано од фармацевтските компании и лобистите задолжени за, како што рече, „заработка преку вакцините“.
Потоа таа се заразила. Иако многу кашлала и имала треска, одбивала да прифати дека се работи за КОВИД-19. По наговор на нејзиниот партнер се тестирала и открила дека е заразена, но веќе била на пат кон болница.
Таму поминала повеќе од три недели, од кои четири дена на кислород, потоа на респиратор.
Откако се спаси од можната смрт, Холи „прогледа“ по напуштање на болницата.
– Треба да се вакцинирате. Не бидете наивни и глупави како мене… Ова може да му се случи секому. Имав многу среќа. Бев, како што знаете, против вакцините, на крајот се покајав за своите ставови во болницата додека бев на кислород – вели Холи за Мирор.