Бебе старо само 37 дена почина во Грција како резултат на инфекција со коронавирус, пишува грчки „Newsbeast“.
Лекарите во детската болница 17 денови правеле натчовечки напори за да го спасат, но не успеале, како што објави „Мега“.
Бебето починало синоќа и воедно е најмладата жртва на Ковид-19 во Грција.
Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести.
По направениот ПЦР тест било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна префрлено на Одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде му се влошила состојбата и го загуби животот.