Српската пејачка легенда Лепа Лукиќ и Боки 13 во „Големиот брат“ беа неразделни. Таа се согласила да проговори за него за српските медиуми.
“ Боки го познавам девет години. Го запознав кога двајцата учествувавме во реалното шоу, “Големиот брат“. Оттогаш се слушаме и гледаме понекогаш. Бев на отварањето на неговата телевизија во Македоенија, а неколку пати ми среди за тезги за Нова година. Го познавам како многу фино момче, можам да кажам се најдобро за него. Е сега што било и што направил тој за да го уапсат, немам појма – изјавила пејачката за српските медиуми и додала:
“Слушам дека некои пејачки се плашат дека тој од затвор ќе проговори, но јас немам појма што би рекол тој за нив. Вештачки се крева тензија. Искрено, за неговото апсење не знам ништо, читам по медиумите и тоа е се“ – заклучила Лепа.
Инаку, последен пат Боки 13 и Лепа Лукиќ беа заедно видени во Белград, на погребот на мајка и на Јелена Карлеуша, Дивна.