Поранешниот балкански дипломат Тимоти Лес вели дека регионот, под раководство на новиот американски претседател Џо Бајден, ќе биде еден вид „ЕУ-Југославија“ – нов мултиетнички ентитет, тесно поврзан со ЕУ, кој вклучува шест земји од Западен Балкан, со седиште во Белград.
– Нема да биде нова Југославија, која беше производ на своето време. Но, фактите на теренот ќе го принудат Бајден да се врати во логиката на блиското минато и да се заложи дека ќе создаде сопствена инкарнација на 21-от век – новата „ЕУ-Југославија“ – пишува Лес во авторски текст за openDemocracy.
Тимоти Лес проценува дека несомнено е дека администрацијата на Бајден ќе сака да го откаже она што го стори претходниот претседател Доналд Трамп, но дека, соочен со ситуацијата на терен и новата реалност, тој ќе мора да продолжи таму каде што застана неговиот републикански претходник.
Другиот елемент на пристапот од ерата на Трамп, кој Бајден ќе мора да го зачува е поттик за воспоставување на некаква регионална економска зона на Западен Балкан, што се манифестира во американска поддршка за таканаречениот мини-Шенген, кој го сочинуваат Албанија, Македонија и Србија.
Според него ова има различни атракции за САД. Промовирање на прекугранична трговија може потенцијално да ја стимулира регионалната економија, отстранувајќи го растојанието од есенцијални етнички тензии и спречувајќи го одливот на средната класа од која зависи секоја транзиција кон демократија и просперитет.
Тој пишува деке економската зона и нуди на Македонија безбедно засолниште од заканите за нејзиното постоење од страна на Грција и Бугарија.