Бајден повторно се изгуби, сега во својот двор (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се појави уште едно видео од американскиот претседател Џо Бајден, на кое се гледа дека тој повторно делува збунето и изгубено во просторот.

Овој пат, Бајден успеа да се „изгуби“ во сопствената градина – откако засади дрвца на јужниот тревник, изгледаше целосно збунето додека се обидуваше да се врати во Белата куќа.

„ Вака, господине“, се слуша како му вели чуварот, а тој одговара: „Мислев дека одиме на другата страна“.

Непријатниот момент е последен во низата инциденти кои му се случија на американскиот претседател во изминатите неколку месеци, а кои го доведоа во прашање неговото здравје.

Минатиот месец Бајден се изгуби на сцената по неговиот говор на конференцијата на Глобалниот фонд, а неколку дена подоцна на друг настан ја повика конгресменката од Индијана – која загина во сообраќајна несреќа во август.

останати вести