Американскиот претседател Џо Бајден рече дека британската кралица Елизабета II го потсетила на неговата мајка, но го прашала и за кинескиот претседател Си Џинпинг и за рускиот Владимир Путин.
Бајден многу ја фали 95-годишната кралица по чајанката во Винздор што се одржа на крајот од самитот на групата Г7, на кој повика на ускладено делување во врска со Кина, и пред состанокот со Путин в среда.
-Мислам дека не би се навредила ако кажам дека ме потсети на мојата мајка, нејзиниот поглед, великодушноста,- рече 78-годишниот Бајден пред новинарите пред заминувањето за Лондон.
Многу е љубезна, тоа не чуди, но имавме одличен разговор. Праша за двајца челници, оној со кој ќе се сретнам, господинот Путин, и за Си Џинпинг и долго разговаравме.
Бајден потврди дека ја повикал кралицата да ја посети Белата куќа.
Кралицата веќе се состана со Бајден и со неговата сопруга во текот на нивниот престој во Британија. Организираше прие за челниците на Г7 и нивните сопруги во петокот навечер во Корнвел каде се одржа тридневниот самит.
Џо Бајден е петтиот американски претседател кого кралицата го примила во Виндзор, по Доналд Трамп во 2018 година, Барак Обама во 2016, Џорџ Буш во 2008 година и Роналд Реган во 1982 година.
Во текот на нејзиното 69-годишно владеење, се сменија 14 американски претседатели, а Елизабета се состана со сите освен со Линдон Џонсон.