Американскиот претседател Џо Бајден од вчера е во посета на Полска, а по тој повод ја посети американската 82. воздушнодесантна дивизија стационирана во Жешов. Тој ја пофали храброста на украинските цивили додека разговараше со американските војници во Полска.
„Украинскиот народ има храброст. Гледајте ги како се борат. Жени, млади мажи, стојат пред проклет тенк и велат: Не заминувам од тука, останувам овде“. Тие се неверојатни, рече Бајден, пренесе Си-Ен-Ен.
Бајден им се заблагодарил на американските војници за тоа што го прават и ручал со нив пред средбата со полскиот претседател.
„Ви благодарам многу за тоа што го правите, вие сте најдобри, а ова не е претерување. Вие сте најдобри и се борите за нас во светската историја“, рече Бајден во трпезаријата каде се собраа американски војници.
Откако им се заблагодари на војниците, Бајден праша дали може да вечера со нив.
„Би јадел грав“, рекол Бајден, но војниците му понудиле пица, што претседателот ја прифатил на задоволство на присутните војници.
Joe Biden met in #Rzeszow with the #US military stationed there and ate pizza with them. pic.twitter.com/gKY9vga2qE
— NEXTA (@nexta_tv) March 25, 2022