Српската рок легенда Момчило Бајагиќ Бајага (61), кој ги напиша едни од најубавите песни на овие простори, на крајот на минатата година станал дедо.
Имено, сопругата на синот на Бајага – Марко се породила на 27 декември и на свет донесе девојче – Сара.
– Така е, станав дедо – потврдил Бајага за „Новости“.
– Имам убава внука Сара и сега животот ми е порелаксиран. Далеку од тоа што кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот, – посочи тој за српскиот медиум.