Бастијан Швајнштајгер се расплакал како мало дете пред Естер Седачек, водителка и спортска новинарка за која се зборуваше дека е негова љубовница.
Иако причината за неговата емотивност нема врска ни со присутната црнокоса заводничка, сепак симболично е тоа што првите солзи на поранешниот српски зет ги гледаме баш во друштво на жената која на почеток од бракоразводната сага била наречена „растурач на бракови“.

Некогашниот сакан српски зет Бастијан Швајнштајгер не можел да ги скрие солзите на свечената гала вечер одржана во Германскиот фудбалски музеј во Дортмунд кога покрај Хорс Хрубеш (74), Ота Рехагела (87), Јуп Хајнкес (80), Гвида Бухвалда и покојниот Берт Траутман којшто постхумно добил признание, примен бил во куќата на славните на германскиот фудбал.
Церемонијата ја водела познатата водителка, спомнатата Естер додека пак присутните гости се сеќавале на моментите на германскиот фудбал.
Тој рони солзи, таа се смее
А, што се однесува до Бастијан, тој го доживеал првиот ролеркостер од емоции. Прво се смеел, а потоа почнал да плаче. За тоа сигурно придонела и пораката од Филип Лама којшто и самиот е член во куќата на славните и којшто испратил емотивна посвета до својот некогашен соиграч и пријател.

„Бастијан некогаш беше вистински немирко, но со годините се разви во стабилна личност со која цел германски фудбал може да се поистоветува“, изјавил Лама што предизвикало емоции кај присутните, но и кај Швајнштајгер којшто почнал да плаче.
Поради Бастијан ја добила титулата љубовничка и растурач на бракови
Сепак, оние кои не биле премногу внесени во кариерата на некогашниот капитен на германската репрезентација, помислиле дека тој плаче поради турбуленциите во приватниот живот и предизвиците кои животот му ги наредил после тоа.

Сепак, откако медиумите објавија фотографии на кои е во интимен момент со Бугарката Силва на плажа и како разменува нежност со неа, тој изгубил голем дел од симпатиите во јавноста.