Бразилскиот стоматолог Фелипе Роси (39), освен што отвори хуманитарна организација, заедно со својот тим бесплатно им ги поправа забите на сиромашните луѓе ширум планетата.
Овој човек е доказ дека секој може да биде суперхерој, без разлика на неговата професија, а како што нагласува, не се важни парите, туку среќата и самодовербата што им ги враќа на луѓето.
– Здравите и убави заби не прават да се чувствуваме добро само физички, туку и психички. Кога имаш убава насмевка и заби, логично е дека самодовербата ќе ти биде поголема – изјавил Фелипе, кој на многумина им предизвикал истовремено солзи и насмевка на лицата.
Фелипе верува дека треба да го посвети својот живот на нешто што е добро за заедницата, а неговата визија го однела надвор од границите на Бразил. Овој стоматолог најчесто ги посетува сиромашните земји, како Кенија и Мозамбик, каде им помага на луѓето да добијат нова насмевка и не им наплаќа за своите услуги. Бара само едно, а тоа е да ги фотографира и да му се насмеат.
https://www.instagram.com/p/CS7m7AXlUOw/