За разлика од светските музички ѕвезди кои имаат разноразни желби и потреби пред настап, нашите балкански ѕвезди се многу поскромни, но има и прибирливи.
(Фото: С. Спасиќ)
Скромни барања има Драгана Мирковиќ која во својот бекстејџ сака да има само вода. Истото се однесува и за Светлана Цеца Ражнатовиќ.
– Во мојата рајдер-листа има само вода која не смее да биде ладна, и ништо друго – вели Цеца.
(Фото: В. Шпорчиќ)
Лепа Брена пак покрај освежување бара да има и овошје.
– Едноставно, сакам да има свежо овошје без разлика кое е. Важно е да биде полно со витамини – открива Брена
За разлика од оваа “тројка“ списокот на барања од Јелена Карлеуша “малку“ е подолг.
Таа од организаторот на фестивалот во Врњачка Бања барала: непрскани јаболка, светска марка на минерална вода, безглутенски грицкалки, но и папагал. Исто така Јелена барала просторијата во која се пресоблекува да нема прозори, пред вратата да има обезбеден паркинг, и нормално, додатно обезбедување.