Српската пејачка Неда Украден (69) објави фотографија на Инстаграм со која се пофали дека е негативна на коронавирусот a истовремено дека се почестила со нов автомобил „јагуар“ чија цена е околу 50 000 евра. Станува збор за теренско возило кое е сега нејзиниот нов миленик.
Инаку, на почетокот на пандемијата Неда Украден привлече внимание заради апелот до државата да им помогне и на музичарите.
– Би изразила апел да им се помогне и на музичарите кои се навистина погодени со оваа ситуација. И ним на некој начин да им се овозможат привилегии кои се резервирани за сите останати, – рече Неда и на себе го навлече гневот на јавноста а особено ја нападна Аца Лукас.