Полицијата мораше да блокира цел кварт на Хјустон откако еден „побудален„ банкомат наместо 10 долари исфрлал банкноти од 100 долари.
Се се случило навечер, кога еден граѓанин сакал да подигне 20 долари и наместо две банкноти од 10 долари добил две “стотки“. Овој пропуст на банкоматот тој го објавил на социјалните мрежи и набргу пред банкоматот се створила гужва и луѓето почнале да се тепаат кој прв да стигне до банкоматот.
Инаку, банкоматот бил на “Bank of America” кој за овој пропуст го обвини службеникот кој наредил банкноти од 100 долари на местото каде што требало да бидат банкноти од 10 долари.
Слична ситуација се случила и во февруари, годинава, кога на една жена во Канзас наместо 1.400 долари банкоматот и исфрлил 14.000 долари.