Балканската мегаѕвезда Александра Пријовиќ ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во Арената „Јане Сандански“.
Прија минатата година одржа дури пет концерти во Арената во Загреб, и со тоа постави рекорд откако ја гледаа 90.000 луѓе. Сега е време спектаклот да го види и Скопје. Само три дена по скопскиот концерт, таа се враќа во Загреб на 25 ноември, за да го одржи шестиот концерт во Арената. Медиумите минатата година пишуваа дека на Загреб му се случила „Пријоманија“. Во Белград, таа ќе го одржи својот петти концерт по ред во Арената на 22 декември.
На први август, Александра одржа спектакуларен концерт во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“ кој го организираше клубот „Хангар“ од Охрид, а тие се организатори и на скопскиот концерт овој петок.