Ѓоковиќ тргна одлично во првиот сет и направи брејк во четвртиот гем (3-1), по што беше сигурен на свој сервис за да го добие сетот со 6-3.
Голема борба се водеше во вториот сет, каде што Гркот имаше брејк и сет шанса во 10. гем, но Ѓоковиќ успешно се одбрани, по што избори тај-брејк во кој беше подобар со 7-4.
Грчкиот тенисер направи брејк на стартот на третиот сет, но Ѓоковиќ веднаш врати во следниот гем (1-1), по што повторно победникот се решаваше во тај-брејк, каде што Србинот беше подобар со 7-5.