Доцна синоќа серија земјотреси го потресоа Балканот.
Земјотрес со јачина од 4.7 степени по Рихтеровата скала прво ја затресе Грција. Според ЕМСЦ, регистриран е точно во 23 часот и 31 минути.
Според Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Костур.
Земјотресот е почувствуван и во Македонија, најмногу во Битола, Ресен, Охрид…
На овој земјотрес, претходел и друг потрес во Грција од 3.5 степени.
Синоќа серија земјотреси ја погодија и Албанија, односно се тресело тлото во градовите Корча и Елбасан.