Предраг Живковиќ Тозовац (85) вчера бил примен во ЦБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во Белград поради корона и пневмонија, а како што се дознава претходно примил вакцина против корона вирусот.
Српскиот фолк пејач има пневмонија, а претходно примил две дози од вакцината – вакцина и ревакцинација.
Тозовац бил ревакциниран пред седум дена.
За српски Ало, тој изјавил дека очекува наскоро да биде пуштен од болница.
Не да се надевам, веќе цупкам во место и го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека може да одам. Оптимиста сум и верувам во Бога, не е дојдено моето време да одам од овој свет- рекол еден од најпопуларните пејачи на народна музика и додал дека многу го потресла смртта на колегата Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од корона.
Многу ми е жал за него, ама Балашевиќ како да повлече нога…Се надевам дека што побрзо ќе го победам ова зло, јас не паметам дека нешто слично се случило – порачал Тозовац за Ало.
Неговото семејство претходно беше погодено од трагедија, кога мајка на неговата сопруга Мима, почина пред околу две недели. На 92-годишна возраст ја изгуби битката со коронавирусот.