Група жители на Тулса го тужат градоначалникот и извршниот директор на здравствениот оддел на Бинум и Тулса, Брус Дарт, велејќи дека задолжителното носење маска е штетно за здравите луѓе, пренесува „Activist Post“.
Групата вклучува сопственици на деловни бизниси и двајца лекари кои „бараат од градот веднаш да ја укине мерката за носење маска, што градскиот совет ја донесе минатиот месец“.
На прес-конференција, оптометристот Роберт Зулнер рече:
„Факторот на страв мора да се повлече. Идејата дека не сакам да ви пренесам нешто што дури и не знам дали го имам е смешна. Дајте да го користиме здравиот разу“.
Д-р Џејмс Михан рече дека носењето маски носи ризици по здравјето, кои се проучени, но не се дискутирани за време на анализите на ризиците. „Гледам пациенти кои имаат осип на лицето, габични инфекции, бактериски инфекции. Извештаите од моите колеги ширум светот сугерираат дека бактериската пневмонија е во пораст.
Што може да биде причина? Бидејќи необразованите граѓани постојано носат медицински маски во јавноста на нестерилен начин, нивните маски се контаминираат со текот на времето. Луѓето ги вадат своите маски од секаде: од автомобилските седишта, од џебовите, по што ги носат валкани, а треба да носат стерилни маски.
Д-р Михан додава:
„Новото истражување покажува дека платнените маски може да ја зголемат аеросолизацијата на вирусот SARS-COVID-20 во околината, а со тоа да предизвика зголемен пренос на болеста“.
Како заклучок, д-р. Михан вели: „Во февруари и март ни беше кажано да не носиме маски. Што се смени? Науката не се смени. Политиката се смени. Тука се работи за усогласеност. Не станува збор за наука. Нашата опозиција користи ретроспективни студии со ниско ниво на набљудување, кои не треба да бидат основа за донесување на медицински одлуки од ваква природа“.