Атрактивната пејачка Аделина Тахири е во Виена на дочек на Новата година. Таа на „Инстаграм“ објави романтична фотографија од патувањето на која разменува нежности со сопругот, познатиот адвокат Серјожа Марков кој не сака многу да се експонира во јавноста.
Инаку, ова е втор брак за нејзиниот избраник, во јавноста познат како поранешен адвокат на Сашо Мијалков и брат на сопругата на Иво Котевски. Пред пет години Марков беше избран за Почесен конзул на Република Молдавија во Република Македонија.