Турбуленции во најтрофејниот македонски клуб Вардар. По двата порази на стартот на сезоната, заминаа спортскиот директор Александар Бајевски и тренерот Бобан Грнчаров. На претстојниот натпревар со Воска, тимот ќе го предводи Бобан Бабунски, кој неодамна беше именуван за координатор на младинската школа на клубот.
Вардар ги загуби првите два натпревари од новата сезона. Загуби минимално и на гостувањето против Брера (0-1), а потоа и на домашен терен од Шкупи.