Пријателките од пензионерскиот дом во Велика Британија, Џоан (89) и Паулин (84) за малку не доживеале инфаркт кога во просторијата влегол мускулест пожарникар и пред нивните очи соблекувал се од себе. Џоан за Божиќ посакала да ја посети „атрактивен маж со големи мускули“, а управата на домот го одобрила тоа.
“Кога ја прашавме што сака, таа одговори дека сака маж. Затоа, не бевме изненадени од одговорот. Ние разговаравме со останатите станари кои ја поддржаа идејата. Стриптизерот го најдовме преку интернет и му објаснивме како треба да се однесува. За мал флерт не е важно колку години имаш “, рече Клер Мартин, координаторот за активности во домот.
Стриптизерот ги воодушевил бабите, танцувал околу нив, ги гушкал, а тие ја искористиле приликата да малку да го допираат. Џоан вели дека и се допаднала секоја секунда од неговиот настап.
– Неверојатен е, би сакала да ме посетува секој ден. Се почувствував повторно млада, изјавила заруменетета баба која на стриптизерот во гаќите му ставила неколку банкноти.