Поради пандемијата на коронавирус, невестата Шона Варнер знаела дека нејзината свадба ќе биде поинаква отколку што замислувала и дека ќе мора да се откаже од многу работи. Сепак, Шона не сакала да се откаже од присуството на бабата Џенис.
Нејзината баба живее во старечки дом каде што посетите и излегувањето се забранети. Затоа таткото на Шона се обратил до директорката на домот, Емили Фрерикс, за да се погрижи свадбата на неговата ќерка да биде ден за паметење.
Тој објасни дека плановите на неговата ќерка биле уништени, но и дека сакала бабата Џенис некако да биде дел од нејзината свадба.
Така им дозволиле на младенците можат да ја посетат бабата за барем да ги види низ прозорецот.
На денот на нејзината венчавка, Фрерикс и нејзиниот тим и помогнале на Џенис да избере свечен фустан и накит. Со затворањето на фризерскиот салон во домот, тимот направил се што било потребно.
“Ја шишавме ноќта пред тоа, ја средивме утрото и таа се чувствуваше најдобро што е можно. Скоро како да беше денот на нејзината свадба”, опиша Емили, која признава дека била крајно потресена во моментот.