Зинаида Кононова (81) беше прогласена за мртва по операцијата на дебелото црево во Русија. Нејзиното семејство беше известено и започна со планирање на погребот, а телото беше пренесено во мртовечницата во окружната болница во Горшеншенска на 14 август околу еден часот по полноќ. Речиси седум часа подоцна, во осум наутро, работникот во мртовечница „доживеал шок“ кога ја нашол бабата како лежи на подот.
Жената, наводно, паднала кога се обидела да се симне од масата во мртовечницата и да избега, пишува Дејли Стар.
Возачот на брзата помош слушнал врева кога влегол во зградата и рекол дека исплашениот работник велел „бабо лежи, бабо биди мирна “. Мислел дека работникот полудел, но потоа видел дека таа барала помош. Потоа Зинаида била пренесена на интензивна нега.
Како што подоцна изјави нејзината внука Татјана, Зинаида беше клинички мртва 15 минути, а потоа едноставно „се врати од другиот свет“.
-Отпрвин, таа не ме препозна и не се сеќаваше на операцијата, но зборуваше за стариот проблем со коленото – рече Татјана.
Докторката и анестезиологот подоцна признале дека ја испратиле Зинаида во мртовечницата еден час и 20 минути откако таа била прогласена за мртва, наместо два часа како што се бара со правилата.
Пензионерката сега е на Курск на лекување, а Роман Кондратенко, началник на болницата, е суспендиран додека истрагата продолжува бидејќи роднините планираат да ја тужат болницата.