Стефани Наирн (22) и Филипа (38) се ќерка и мајка, иако ретко кој тоа ќе го погоди. Тие родиле деца на 16 години. Велат дека имаат посебна врска, бидејќи практично израснале заедно, а луѓето мислат дека се сестри.
Филипа веќе има две внуки. Ќерка ѝ Стефани пред 6 години го родила синот Кејден, а пред 3 години станала баба и на девојчето Лајли.
Двете тврдат дека им е мило што така рано добиле деца, а Стефани објаснила една предност од тоа дека таа може да пие коктели на плажа, додека повеќето нејзини врсници дури сега се остваруваат во родителската улога и се навикнуваат на нови обврски.
Стефани вели дека со мајка ѝ често излегува во бар, но дека не ѝ е пријатно кога ќе им пријдат мажи.
Во една објава Стефани се обидела да докаже како ѝ било кога станала мајка пред полнолетство.
„Да, луѓето пред 18 години стануваат сексуално активни. Знам дека не би требало, но тие го прават тоа. Родив дете кога имав 16 години. Луѓето коментираа дека дете родило дете, но знаете што? Родив исто како мајка на 30-ти години, хранев, перев, го чував детето. Имаше тeшки моменти, но нивните насмевки лечеа сè. Сепак, сакам да им кажам на младите девојки дека не мораат да брзаат со некои работи и да користат зaштитa, не само поради бременост, туку и поради пoлoви бoлести, а на сите млади мајки на светот им посакувам да продолжат да се трудат околу своето дете, да не им обрнуваат внимание на коментарите од средината и да знаат дека не се единствени“, напишала Стефани.
https://www.instagram.com/p/BxAju-Jp7-G/?utm_source=ig_web_button_share_sheet