Од МВР за „Локално“ информираат дека нема никаква опасност за граѓаните по дојавата за бомба на железничката станица во Скопје.
-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, велат од МВР за Локално.
Според информациите вработените во Железничка станица во Скопје добиле анонимна порака од скриен телефонски број кои веднаш го пријавиле случајот во полиција.