Во Македонија повторно се воведе полициски час, поради зголемените бројки од Ковид заразени лица. Од минатата недела и угостителските објекти, фитнес центрите, казината и обложувалниците имаат забрана за примање на гости, што дополнително му создава потешкотии на секторот за опстојување во оваа криза.
Но, наспроти тоа, не чуди повеќе што вакви слики можеме да погледнеме и покрај постојаните препораки. Фотографијата во продолжение е направена во градски автобус на ЈСП, каде повеќе од јасно е дека е „експлозив“ за евентуален нов кластер и висок број на заразени.