Д-р Ненад Лазаров во изминатите неколку месеци постојано е активен на социјалните мрежи на кои споделува совети и укажува на потребата од почитување на мерките против коронавирусот. Тој преку еден од последните постови на својот Фејсбук профил апелира да се почитува полицискиот час.
“Немаме точен процент, но поголемиот дел од инфицираните пациенти што ги гледаме во ординација, ќе поминат со лесна клиничка слика. 2/3 мислам дека е објективно.
На жалост се помалку се асимптоматски, но повторно објективно, не гледам ни некое влошување по однос на број на тешки компликации.
Она што не смееме да дозволиме е континуирано голем број на новозаразени зошто сме сите веќе преморени, и физички особено психички.
Затоа, ај да не мрчиме многу, да се прибереме дома, од полицискиов час нема никој да умре, од ковид да.
Има за мрчење милион други глупости.
Со помин на сите “ , напиша д-р Лазаров.