Eдна од најтешко погодените држави во Европа е Италија кога станува зброр за пандемијата на коронавирусот. Бројот на починати надмина 26 илјади, додека со Ковид-19 се заразени речиси 200 илјади.
Секојдневно од Апенините ни доаѓаат вести за нови починати, недостиг на респиратори и преполни болници, но италијанскиот пратеник Виторио Сграби е еден од малкумината кои не сакаат да им веруваат на официјалните податоци.
Сграби со своите изјави предизвика голема бура во италијанскиот парламент, истакнувајќи дека од јавноста се кријат податоци од жртвите. Како што тврди, 96% од жртвите не се починати од коронавирус туку од болести кои претходно ги имале и сето тоа е фалсификувано.
Според него, сето ова што се случува во Италија е една оркестрирана измама.
„Ајде да ја кажеме вистината, со лажни бројки се тероризираат Италијанците. 25 илјади луѓе починаа од срцев удар или канцер, да не ги користиме за да ја понижуваме Италија, за на граѓаните да им даваме лажни вести. Ова е начин за да се тероризира Италија“, порача Сграби.