Ајс Ти и Коко Остин признаа дека имаат добро дефинирана рутина во бракот која ги одржува во живот 24 години.
Контроверзниот рапер 67- годидишниот Ајс Ти, можеби уште поконтроверзната, актерка и старлета Коко Остин (46), се во брак 24 години и сè уште се вљубени како што беа првиот ден.
Не е тајна дека клучот за нивната совршена врска е исклучително страствен сексуален живот, за кој јавно зборуваа неколку пати, а сега открија и повеќе детали.

На забавата организирана од Хајди Клум, традиционално за Ноќта на вештерките, раперот зборуваше за својот брак и сексуален живот.
„Тајната е во жешкиот секс во џунглата, всушност, слушнав еден 86-годишен маж како го кажува тоа и го добив изразот од него. Но, мислам дека сè се сведува на фактот дека мора да бидете заљубени до крајот. Колку е тоа едноставно?“, рече тој, пренесува Unilad.
Дури и да поминале децении, двајцата имаат совршена комуникација, спонтаност и страст што не избледнала. Сепак, како што вели Коко, комуникацијата е клучна.

„Знам дека сте го слушнале ова и претходно, но мора да се слушате еден со друг, мора да разговарате одново и одново, не можете да се навикнете еден на друг. Ние сме потполно иста личност, да бев маж, сигурно ќе бев тој“, рече Коко. „На крајот на краиштата, едноставно се сакаме, не може поинаку, верувајте ми“, додаде раперот.
Ајс Ти и Коко Остин сè уште одат на состаноци, се бакнуваат еден со друг и сметаат дека физичката привлечност е од големо значење.
