Откако викендов ајкула беше забележана во Волос, големо морско куче деновиве е видено и во друго грчко одморалиште. Овој пат, случајни минувачи го снимиле во Глифада.
На социјалните мрежи се појави видео од ајкула како плива кај пристаништето. Таа залутала во плиткото, видно дезориентирана.
Да потсетиме, во неделата во Волос, кај пристаништето е забележана ајкула долга 3,5 метри.