На социјалните мрежи се појави видео од популарно турско одморалиште.
На видеото кое почна да кружи на социјалните мрежи по нападот на ајкула врз две жени во Египет, може да се види риба како плива во плиткото и еден од капачите ја удира со нешто што изгледа како гребло.
После неколку удари, ајкулата отпливала подалеку од децата и капачите.
Се смета дека Средоземното море, на чие крајбрежје е Мармарис, каде е направено видеото, е дом за 47 видови ајкули, вклучувајќи сина и голема бела ајкула.
https://twitter.com/i/status/1543902290662367235