Човек кој бил дивјачки нападнат од голема бела ајкула вели дека ѕверот го изџвакал и го исплукал, а тој очајно се борел против неа.
Откако на 22 јуни преживеа напад на голема бела ајкула во водите кај местото Пацифик гров, Калифорнија, Стив Брумер (62) беше отпуштен од медицинскиот центар „Навитидад“ каде што раскажа како се случил нападот.
Во видеото објавено од Медицинскиот центар Нативидад во Салинас, Калифорнија, Брумер се појавил во сина маица со натпис „преживеав напад на ајкула“ и раскажал дека ајкулата го изгризала за бутовите и стомакот, а потоа „го плукнала“.
„Не сум фока“, рекол Брумер, пензиониран професор на колеџот Монтереј. „Таа мислеше дека сум фока. Ние не сме нивна храна“.
„Таа ме гледаше, беше веднаш до мене. Мислев дека повторно ќе ме касне, па ја турнав со рака и ја клоцав и таа замина“, рекол тој.
Shark Attack Comeback —
Steve Bruemmer recounts when he was bit by a great white shark at Lovers Point.For the full interview, click here: https://t.co/lLttA7cWdy pic.twitter.com/MVNQvZIN21
— KION News Channel 46 (@KION546) July 13, 2022
Хирургот Никосал Ротер изјави за KSBW-TV дека забите на ајкулата за милиметар промашиле важна артерија и дека пензионираниот професор успеал да помине без посериозни повреди на органите или коските.
– Можеше да биде многу, многу полошо. Можеше никогаш да не излезе од водата – рекол хирургот.
Брумер го извлекле од водата веслачи кои се испоставиле дека биле медицинска сестра и полицаец, како и сурфер кој случајно се нашол во близина.
„Тројцата дојдоа до крвавата вода, ме извлекоа на даската за сурфање и ме одвлекоа до плажата“ и покрај ајкулата што можеше да кружи во близина“, рекол Брумер, нарекувајќи ги своите спасувачи херои.
Брумер примил 28 единици крв и им се заблагодарил на сите што му го спасиле животот.
"I'm going home, I'm going to recover, I'm going to be okay," said shark attack victim Steve Bruemmer in his first interview since the attack.
Watch the full interview: https://t.co/BQREK1LoYl pic.twitter.com/P3Lw6kleUw— KSBW Action News 8 (@ksbw) July 13, 2022