Ајкула касна бремена сопруга на НБА кошаркар, се огласи од болница: Наскоро ќе те побараат моите адвокати

by Тони Зографски

Сопругата на познатиот италијански кошаркар Данило Галинари – Елеонора Бои, доживеа вистинска несреќа во Порторико, кога пред неколку дена беше касната од ајкула.

Сега се чувствува добро и проговори од болница.- Никогаш не помислив дека ќе ме нападне ајкула, особено не во близина на брегот на преполна плажа. За среќа, моето бебе и јас сме добро – напиша Елеонора и продолжи:

– Брзо бев спасена, а операцијата на мојата кутра, касната нога помина добро, сега морам да се опоравам од големиот страв и да се обидам да му простам на мојот голем пријател кој ме предаде.

Потоа му се обрати на својот сопруг на хумористичен начин.

– Му благодарам на мојот сопруг кој, и покрај тоа што е во брак со Фантоци-Бои, ми ја даде целата своја љубов и толку многу храброст. Денес дури и го пропушти концертот на Бед Бани, но не треба премногу да се надевам, тоа е само за кратко време – му порача на Галинари, а потоа ѝ се обрати на ајкулата:- Моите адвокати наскоро ќе те повикаат.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com