Главниот и одговорен уредник на телевизијата „1ТВ“ чиј неформален сопственик е Бојан Јовановски, Ацо Кабранов одлучи јавно на неговиот Фејсбук-профил да одговори на прозивките од една телевизија која, според него, се обидува да го компромитира како алчен платеник.
– Свесен сум дека 1 ТВ и пред тоа беше, но со аферата и посилно ќе биде вреќа за боксирање и офирање на, како што не викате, ѕвезди, бардови и слично. Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра да не се збуните, и целиот износ го примав не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.
Последните два месеца менаџментот самоиницијативно ми го покачи хонорарот на 70 илјади. Потоа сам го прекинав ангажманот од здравствени прчцини. Се ова околу сумите има во авторска агенција, а имам и јас дома, можам да ви ги дадам на увид. Рекламни минути ни во оваа, како во ниедна телевизија каде сум бил сум немал, така што се што сум добивал од 1ТВ е документирано во авторска. Да ви помогнам докрај во истразувањето – да, од Бојан за роденден добив кошула и марама и тоа е се. Никогаш, ни во а1 ниту во Канал5 ни во Алфа па ни во 1 тв не сум се нтересирал кој колку зема бидејќи тоа е договор на новинарот со газдата во кое, според мене, нема место главниот уредник да се меша или да се распрашува. Така беше и во 1ТВ, Кој колкав хонорар договорил нити ме интересирало нити сум помислил да се распрашувам. Впрочем, во Канал 5 бев 5 години главен уредник пред 15 тина години и тогаш таму платата ми беше 60 илјади, а ја добивав како сите на рака во плико, не на сметка. Можете тоа да го проверите во евиденцијата на вашата телевизија. Кога ги средував документите за пензија видов дека во Канал 5 сум бил пријавен на минималец, каков апсурд главен уредник со 10 тина илјади денари плата. Но тоа е моја вина што не сум проверил, а зошто УЈП не реагирале не знам. Околу закупените минути реклама реков дека никогаш сум немал такво нешто но и не гледам криминал во тоа. Впрочем, и на Канал 5 имаше надворешни емисии, авторите закупуваа минути а газдата добивасе безплатна емисја и чинам минути и за телевизијата да пласира реклами во таа емисија. Ве охрабрувам да истражите се, но да не се заобиколите себеси и сестринските медиуми де. Бидете поздравени и пишувајте и истражувајте – напиша Кабранов.