Во српските медиуми се појави вест дека пејачот Аца Лукас е убиен со 15 куршуми вчера во Белград. Не е реткост познатите личности да се прогласат за мртви на социјалните мрежи што беше случај и со Лукас. На фотографијата, која е монтажа е прикажан пејачот кој наводно лежи неподвижен на улица откако е убиен.
„Што да кажам освен на овој стручњак да му посакам се најдобро, затоа што очигледно баш и не му е добро во главата. Но, за жал овој лудак имал погрешен сон. Кој и да го смислил ова, можам да му поскам да го снајде она што му се врти низ главата. Тоа и ќе му се случи, затоа што таквите идиоти не треба да живеат. Ако некој објавува лага за туѓа смрт, тој не е за живот“, објавил Лукас на Инстаграм, демантирајќи ги овие вести.