Голем лапсуз направи водителката на една од најголемите британски комерцијални медиумски организацији „ITV News“.
Имено, во емисијата којашто течеше во живо, водителката Кајли Пентелоу рече дека папата Франциск починал.
-Во фокусот на свеченото обраќање на Папата беа неговите молитви за крај на пандемијата. Тој рече дека вакцината треба да биде достапна за оние на кои им е најпотребна. Неговата смрт е прогласена, ах, извинете – изјави водителката во саботата вечерта.
Нејзиниот гаф веднаш се прошири на социјалните мрежи. Таа стана предмет на шега, но многумина изразија разбирање за нејзината грешка.
https://twitter.com/i/status/1474941685696245760