23-годишната ММА-борачка со германско потекло Јулија Пајиќ која настапува под знамето на Црна Гора, ќе биде дел од Големата награда на ПФЛ за жени.
Тоа е турнир на кој ќе и се придружи и актуелната шампионка и прва фаворитка Кајла Харисон, жена која освои две златни олимписки медали во џудо. Покрај шампионскиот појас, борачките ќе се борат и за награда од милион долари.
Пајиќ за „Сан“ изјавила дека ќе ја испрати целата парична награда во Црна Гора:
“Ќе и ги дадам парите на мајка ми ако го освојам турнирот.Животот не би ми се променил многу. Се разбира, многу полесно ќе ми беше да платам за обука, но сè друго би останало исто. Ќе им испратам пари на оние на кои им се потребни, како оние со ментална попреченост. Се разбира, јас би и испратила дел и на мајка ми. Таа ме поддржува толку долго и јас сум таму поради неа. Сега е време да и вратам нешто “.
Инаку, во својата професионална кариера, Пајиќ има само три борби, а забележа победи во сите три. Покрај специфичниот изглед и говор, она што го привлече вниманието на јавноста беше борбата против Германецот Стефан Шолц, кого исто така го победи.
“Напишав писмо што и го испратив на една организација и тие дојдоа до оваа идеја. Не размислував ниту секунда, знаев дека ќе биде интересно. Само сакам да се борам, без разлика кој е спроти мене во рингот. Ако е маж, сум подготвена да се борам со него. Многу луѓе ме забележаа после тоа. Еден рапер сакаше да учествувам во видеото, а луѓето почнаа да ме препознаваат како девојката што истепа маж “, заклучи Пајиќ.
Најголемата награда во нејзината кариера досега ја доби минатата година кога потпиша за Белатор, а сега ќе се бори за сума што може да и го промени животот.