Италијанската манекенка Клаудија Романи е позната како една од најубавите жени на светот, а позната е и како голем навивач на Милан.
Пред речиси девет години, италијанската манекенка ги замени модните писти за фудбалските терени и стана судија.
Клаудија и нејзината колешка Бејбе Марта сега решија да позираат во бикини на плажа пред големиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Милан и Наполи.
Иако Наполи беше одличен оваа година, има една пречка која не можат да ја надминат, а тоа е Милан. Натпреварот заврши со резултат 1:1, а со оглед на тоа што голот на Осимхен дојде предоцна, Милан со 1:1 од овој натпревар и вкупни 2:1 се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Инаку, Клаудија Романи е италијанско-американска манекенка која ги красела насловните страници на бројни списанија, како GQ и Maxim. Во 2006 година, FHM Данска ја прогласи за една од 100-те најсекси жени во светот. На Инстаграм ја следат 1,3 милиони луѓе, каде често ги почестува со своите многу предизвикувачки и атрактивни фотографии.