Американската одбојкарка Кајла Симонс од почетокот на кариерата е во центарот на вниманието поради атрактивниот изглед за кој вели дека повеќе ѝ попречувал отколку што ѝ помогнал.
Никој не може да не ја забележи бујната биста на оваа витка русокоса, чии гради ѝ го отежнуваат играњето на високата мрежа.
Таа во живо на Јутјуб разговараше со своите фанови, а се појави и темата за бујните гради и колку тие ги ограничуваат спортистките.
„Искрено, би ми било многу полесно да имам помали гради. Знам дека би била подобра во одбојка, дефинитивно, и тоа драстично. Би била побрза, подобро би скокала… Но, што е работата, јас сигурно не се жалам на мајката природа, напротив“, низ смеа рекла и открила дека ѝ пишувале и некои светски познати фаци, но не сакала да каже за кого точно се работи.
На сето тоа додаде една интересна информација: потпишала договор со познати фаци со кој ѝ се забранува јавно да споделува информации за тоа.