Нејмар наводно има нова девојка, 30-годишната Бразилка Џесика Турини, пренесуваат бразилските медиуми.
Новата љубов на бразилскиот фудбалер е дигитална инфлуенсерка и манекенка, а големо внимание привлече на Светското првенство во Катар каде ги следеше натпреварите на бразилската фудбалска репрезентација.
Бразилката своите реакции на неговите голови ги снимила на трибините, а потоа ги споделила на социјалните мрежи, а објавила и видео како бакнува фудбалски дрес потпишан од славниот фудбалер.
Инфлуенсерката се најде на листата на познати личности кои Нејмар ги покани на новогодишната прослава, а во Париз пристигна неколку дена пред дочекот и на својот Инстаграм профил објави фотографии во празнично издание.
Таа се натпреварувала на изборот за Мис Еспирито Санто 2014 и е родена во Сао Паоло. Покрај манекенството, работи и како менаџер во семејната компанија.
Инаку, Бразилката сака спортски активности и неодамна почнала да сурфа, а сака и да вози картинг.